Достапни линкови

ДУИ: избори не се решение


Коалиционата ДУИ се изјасни по повод фрлената ракавица од страна на премиерот за одржување предвремени избори. Партисткиот портпарол Бујар Османи на прес конференција рече дека сега не е време за избори и дека соочувањето со граѓаните, не е решение за случувањата од 24 декември.„ Паднати сме во замка на опозицијата а за инцидентите виновни се и двете страни“, рече Османи. Тој додаде и дека треба да се поттикнст двте водечки партии од македонскиот блок да дојдат до консензус за извештајот на Комисијата за 24 декември. Сепак, Османи вели дека доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договора да се распушти Собранието, тогаш и ДУИ ќе ја поддржи таа инцијатива.
Од партијата додаваат дека нивниот врвен приоритет остануваат македонските евроатлански интеграции и апелираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги усогласат ставовите околу извештајот за да не се загрози препораката за старт на преговорите од Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG