Достапни линкови

Русија: продолжува евакуацијата во поплавените области



Руската војска и противпожарните единици ја продолжуваат евакуацијата на рускиот краен исток кој е погоден од двенеделни поплави. Воените лица кои користат чамци и авиони евакуираа околу 550 лица од еврејската автономна област која се протега по брегот на реката Амур. Спасувачите велат дека поради поројните дождови се очекува водата во реката Амур да порасне и за 8 сантиметри во наредните денови. Спасувачките екипи брзаа да изградат 1000 метри насипи и да постават 7000 вречи со песок за да спречат надоаѓање на водата. Од катастрофата до сега се погодени на 50 000 луѓе и се смета дека во Русија немало вакви поплави во последните 120 години.
XS
SM
MD
LG