Достапни линкови

Карзаи ќе го посети Пакистан, несигурен дали тоа ќе донесе мир


Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи изјави дека е неизвесно дали неговата посета на Пакистан ќе ги зголеми изгледите за мир во Авганистан. Карзаи во Пакистан треба да пристигне утре со цел да оствари средби со тамошните функционери. Тој се очекува да побара ослободување на талибанските затвореници што би ги поттикнало мировните преговори. Карзаи се очекува да побара поддршка за антитерористичките напори во регионот. Неговата посета на Пакистан се случува во период кога растат тензиите меѓу двете земји кои се обвинуваат меѓу себе за насилство. Поддршката на Пакистан се гледа како клучен елемент за ставање крај на 12 годишниот конфликт во Авганистан.
XS
SM
MD
LG