Достапни линкови

Египет:Мубарак на судско сослушување


Поранешниот египетски владетел, Хосни Мубарак, се појави во судницата во Каиро за да се соочи со судење во врска со смртта на демонстрантите за време на востанието во 2011 година што доведе до негово соборување. Осумдесет и пет годишниот Мубарак беше пренесен до судницата со хеликоптер од воената болница каде што е сместен. Рочиштето се случува по три дена откако тој беше ослободен од затвор и ставен во домашен притвор.
Во меѓувреме, се одложи засебното судење на тројцата лидери на Муслиманското братство обвинети за смртоносно насилство против анти исламистичките демонстранти во текот на немирите за воено соборување на Мухамед Морси во јули годинава.
XS
SM
MD
LG