Достапни линкови

Кина: Еден милион лебарки избегале од фарма


Кинески медиуми јавија дека најмалку еден милион лебарки кои се одгледувале за употреба во традиционалната медицина, избегале од фарма во Кина. Лебарките кои биле чувани во објект во областа Џијангсу избегале откако “непознат сторител” ја уништил стаклената градина во која биле собрани. Службата за заштита од болести отиде на местото на настанот за да види како да се ослободи од штетниците и да направи голема дезинфекција на местото. Сопственикот на фармата потрошил 16 000 долари во надеж дека може да ги продаде за употреба во традиционалната медицина. Се верува дека екстрактот од лебарки може да делува против воспланија, за подобрување на имунитетот па дури и за лечење на рак.
XS
SM
MD
LG