Достапни линкови

logo-print

Сирија: Обама и Камерон разгледуваат опции за можен одговор


.

.

Американскиот преседател, Барак Обама и британскиот премиер, Дејвид Камерон, велат дека се „сериозно загрижени“ и размислуваат за можен одговор на тврдењата дека владата на Сирија употребила хемиско оружје против цивили. Обама синоќа се сретна со своите соработници и телефонски разговараше со Камерон. САД соопшти дека нивната истрага е во тек. Владата на Сирија негира дека употребила гас во нападите и дека за тоа се виновни бунтовничките сили. Медицинската хуманитарна организација Лекари без граници рече дека во близина на Дамаск се пријавени 355 смртни случаи а околу 3600 пациенти биле со „невротоксични симптоми“ од нападот.
XS
SM
MD
LG