Достапни линкови

Вечерва „Мостови“ на Струшките вечери на поезијата


Во рамките на 52 издание на Струшките вечери на поезијата, вече3рва ќе се одржи традиционалниот поетски митинг „Мостови“ каде што ќе бидат врачени наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.
Годинашниот лауреат мексиканскиот поет, романсиер, преведувач и критичар Хосе Емилио Пачеко е 48-миот добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лововров венец. Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2013 година ќе му биде доделена на Ристо Јачев за стихозбирката „Помнам“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе и биде врачено на македонската поетеса Николина Андова за дебитантска книга „Влезот е од другата страна“.
XS
SM
MD
LG