Достапни линкови

Опасност од охридските рунинирани куќи


Стара куќа во Охрид.

Стара куќа во Охрид.

Руинираните куќи во стариот дел на Охрид претставуваат сериозна опасност за локалните жители, но и за туристите кои секојдневно во голем број поминуваат низ овој дел на Охрид. Жителите од градските власти бараат да преземат најитни мерки за да се избегнат немили настани.

Десеттина куќи во стариот дел на Охрид во секој момент можат да се срушат поради нивна старост и неодржување. Претставуваат сериозна опасност за локалните жители, но и за туристите кои секојдневно во голем број поминуваат низ овој дел на Охрид.

Жителите од градските власти бараат да преземат најитни мерки за отстранување на овие објекти или, пак, да побараат од сопствениците на истите да ги санираат куќите или, пак, да ги срушат, додека се нема случено некој немил настан.
Нормално дека треба да преземат мерки бидејќи тие се редовни активности на инспекциите на властите. Тоа е потребно поради безбедноста, поради изгледот на градот. Ние сме туристичко место и туристите тоа го гледаат. Тие сакаат да видат нешто што е руинирано, но да е безбедно.

„Опасност се за минувачите кои поминуваат од овде. Во погорниот дел има куќи кои се разрушени и се опколени со трња“, вели охриѓанец.

„Законот за градба предвидува да му се наложи на сопственикот да ја сруши куќата бидејќи е опасност за луѓето. Законски постои можност градежниот инспектор да му наложи на сопственикот да ја руши куќата поради опасност по животот на луѓето“, вели друг охриѓанец.
Стара куќа во Охрид.

Стара куќа во Охрид.


Локалните власти треба да направат сè да го решат овој проблем. Охрид е туристичко место и таквите куќи само го нагрдуваат лицето на градот, велат охриѓани.

„Нормално дека треба да преземат мерки бидејќи тие се редовни активности на инспекциите на властите. Тоа е потребно поради безбедноста, поради изгледот на градот. Ние сме туристичко место и туристите тоа го гледаат. Тие сакаат
Очекувам да ме посети некој и од Владата и од претседателот за да видат во какви тешки услови живеам. Сега сè зависи од институциите. Живеам многу тешко, но во моментов најмногу ми треба дом и работа.
да видат нешто што е руинирано, но да е безбедно“, вели еден охриѓанец.

Охриѓани бараат да се среди и околината околу Античкиот театар каде се одржуваат голем број на културни настани.

„И тој не е безбеден. И даските се веќе ризични, тие се ставени многу одамна. За сето тоа треба да се води сметка. Најдобар пример беше потпорниот ѕид кој падна кај музејот. Треба да се проверат и сите потпорни ѕидови кои се многу стари“, вели жител на стариот дел на Охрид.
Александар Сандев, сопственик на руиниранa стара куќа во Охрид.

Александар Сандев, сопственик на руиниранa стара куќа во Охрид.


Пред неколку дена во овој дел на Охрид се урна дел од куќа. Најоштетен беше покривот од куќата во која 18 години без струја живее 42-годишниот Александар Сандев, кој не работи и не прима социјална помош.

„Беше еден силен потрес. Се вознемирија и комшиите и ми кажаа дека нешто се случило, но за среќа во тој момент јас не бев во куќата. Очекувам да ме посети некој и од Владата и од претседателот за да видат во какви тешки услови живеам. Сега сè зависи од институциите. Живеам многу тешко, но во моментов најмногу ми треба дом и работа“, вели Сандев.

Една постара охриѓанка која живее во стариот дел на градот вели дека во секој момент може да се сруши една стара куќа која се наоѓа веднаш до нејзината и оти со страв поминува од таму.

„Тие се голема опасност. Секое излегување од дома поминувам со страв, особено на зима. Еднаш за малку ќе ми паднеше ќерамида на глава. Треба да се преземат мерки со газдите, но тие се овде само на лето“, вели една охриѓанка.

РСЕ: Треба ли да преземе општината нешто?

„Да треба, и до сега рекоа дека ќе преземат нешто, но еве нема ништо“, вели таа.

Граѓаните очекуваат да видат какви мерки општината ќе преземе во наредниот период.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG