Достапни линкови

Либан:Уапсено едно лице осомничено за нападите на џамии


Либанските сили за безбедност приведоа едно лице поради можни врски со паралелните бомбашки напади на две џамии во триполи во кои вчера беа убиени 47 лица, јави либанската новинска агенција. Националната новинска агенција го идентификуваше лицето како Шеик Ахмед ал Гариб кој е притворен во неговиот дом во областа Минијех, кај Триполи. Како што се наведува ал Гариб кој е во блиски односи со сунитската организација која е во добри односи со либанскиот шиитески Хезболах, е снимен со камери на местотот на едната од екслозиите. Иако никој за сега нема преземено одговорност за нападите, многумина Либанци тоа го поврзуваат со граѓанската војна во Сирија.
XS
SM
MD
LG