Достапни линкови

Карзаи: Кабул не брза да го потпише воениот пакт со Вашингтон


Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи рече дека Кабул не се брза да го потпише воениот пакт со Вашингтон кој ги пропишува условиуте за воено присуство на странски сили во Авганистан по 2014 година. Тој рече дека доколку не се постигне договор во време на неговиот мандат, тогаш може да се дискутира со наредниот претседател дали тој ќе го прифати тоа или не. Претседателот на американскиот здружен генералштаб рече дека доколку не се постигне договор до октомври, американските сили би биле принудени да си заминат оставајќи ги без помош авганистанските сили.
XS
SM
MD
LG