Достапни линкови

Комисија за 24 декември: нов рок до вторник?


Откако вчера комисијата за 24 декември не постигна согласност околу извештајот, што во јавноста веднаш ги отвори и шпекулациите за предвремени избори, сега неофицијално се најавува продолжување на разговорите со краен рок до Вторник, 27 август.
„ВМРО-ДПМНЕ прифати формулација за уставни прекршување при употреба на сила и отстранување на пратениците од собраниската сала, но не беа подготвени да констатираат противуставност при отстранување на новинарите од собраниската сала на критичниот ден“, изјави пред новинарите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Според најавите на Претседателот на комисијата Борче Давитковски остануваат отворени сите опции, но средба со лидерите најверојатно ќе нема туку комисјата во полн состав ќе се обиде да ги реши спорните прашања.
XS
SM
MD
LG