Достапни линкови

logo-print

Иранскиот претседател ја осудува употребата на хемиско оружје во Сирија



Иранскиот претседател Хасан Рохани за прв пат јавно призна дека во Сирија биле убиени и повредени луѓе од хемиско оружје. Тој е цитиран во денешните ирански медиуми каде што вели дека Техеран силно ја осудува употребата на хемиско оружје. Тој сепак не кажа кој го употребува хемиското оружје. Министертсвотот за надворешни работи на Иран рече дека доколку се докаже употребата на хемискотот оружје за тоа ќе бидат виновсни бунтовниците. Иран е главен сијузник на сириската влада. Сириската опизиција ја обвинува владата з аупотребата на гас во нападите во средата. Владата го негира тоа.
XS
SM
MD
LG