Достапни линкови

Неделници - Комисија, медиуми и автократи


Глобус, анализира за Законот за медиуми, осврнувајќи се на „лиценцираните новинари самоубијци“, Република со напад врз СДСМ, а Фокус ги споредува Ердоган и Путин со „преродбениците“.

Глобус - лиценцирани новинари самоубијци

Една од колумните во најновиот он-лајн магазин Глобус, во контекст на влегувањето во собраниска процедура на контроверзниот Закон за медиуми, се осврнува на новата појава на, како што ги нарекува авторот, лиценцирани новинари самоубијци, создадени во домашниот експеримент со вкрстување на историските камикази и бомбаши, и од вулгарно политикантски и од комерцијални причини во периодов на надградба и преродба. Нивна главна задача и цел се секојдневно да „гинат“, воздигнувајќи го до небеса најнедемократскиот режим откако постои Македонија.
А новинарите самоубијци, не само што целосно го поддржуваат законот, туку бараат и воведување лиценци. И со право, заслужуваат лиценца оние што го премолчаа срамното протерување на новинари од Собранието, оние кои едвај се огласија поради апсењето на новинарот Кежаровски, сите оние што со пропагандни спотови за успесите на надградбата и преродбата секојдневно се самоубиваат пред граѓаните.

Најновата фаза на експериментот е Законот за медиуми, кој иако најавен како усогласување со нормите на ЕУ, има за цел да ја санкционира постојната состојба во која над 90 % од медиумскиот простор е под контрола и содржи само пропагандни спотови наместо професионални новинарски информации, продолжува колумнистот во Глобус. А новинарите самоубијци, не само што целосно го поддржуваат законот, туку бараат и воведување лиценци. И со право, заслужуваат лиценца оние што го премолчаа срамното протерување на новинари од Собранието, оние кои едвај се огласија поради апсењето на новинарот Кежаровски, сите оние што со пропагандни спотови за успесите на Собраниска дискусија за законите за медиуми.

Собраниска дискусија за законите за медиуми.

надградбата и преродбата секојдневно се самоубиваат пред граѓаните, иронизира Глобус.

Република - СДСМ виновник за Комисијата за 24 декември

Република со напад врз СДСМ: виновник за неможноста да се усогласат заклучоците во Комисијата за 24 декември е таа партија. Последната политичка
Драмата која можеше да се скоцка во една епизода ако сите актери употребеа помалку глума, а повеќе грижа за сопствениот народ, непотребно се одложуваше правејќи штета на сликата на државата и загрозувајќи ги евроинтеграциите.
сапуница македонската публика ја следи веќе осум месеци, поточно, од 24 декември лани, поради немање вистинска стратегија кај опозицијата за преземање на власта, смета неделникот. Драмата која можеше да се скоцка во една епизода ако сите актери употребеа помалку глума, а повеќе грижа за сопствениот народ, непотребно се одложуваше правејќи штета на сликата на државата и загрозувајќи ги евроинтеграциите - ги повторува уводничарот во неделникот тезите на Груевски. Кога премиерот од Радожда испрати порака за „нови чекори“ (читај предвремени избори), СДСМ се виде лично засегнат во моментот кога се соочи со опасност од нов изборен пораз, смета Република, па опозициската партија ја продолжи работата во Комисијата за 24 декември.

Фокус - Зошто Ердоган и Путин се идоли на нашите „преродбеници“?

Фокус се обидува да разјасни зошто Ердоган и Путин се идоли на нашите „преродбеници“ правејќи аналитички споредби на држави со демократија, автократија и со диктатура. Кај нас е невозможна мисија судот да покрене истрага за нелегално финансирање на владејачката партија, а благајникот дури да добие притвор и уште да пропее дека и премиерот добивал црни пари, како што се случи во Шпанија, вели авторката на текстот. Но затоа, пак, звучат како нормално руските и турските практики - да се апсат најжестоките критичари на власта, заклучува Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG