Достапни линкови

Битолскиот актер Дранговски во лондонски „Глоуб“


Огнен Дранговски, македонски актер.
Огнен Дранговски, македонски актер.

Огнен Дранговски, еден од носителите на репертоарот на Народен театар – Битола, на почетокот од септември ќе замине во Лондон каде ќе биде член на Меѓународната актерска дружина која во легендарниот „Глоуб театар“ ќе работи на шекспировиот „Хамлет“, несекојдневниот и обединувачки проект што потем ќе биде прикажан во 200 држави на сите пет континенти.

Во театарот „Глоуб“ на секои две години се избира Меѓународна актерска театарска дружина и пресреќен сум што ќе бидам еден од 20 актери од светот што ќе се најдат во Лондон. Повикот значи ново актерско усовршување, работа на дело од Шекспир, работа со специјални тренери за актерски вештини и други за мене нови предизвици. Ќе има колеги од цел свет и нашата заедничка задача ќе биде да направиме претстава на различни јазици во која Шекспир обединува.
Едвај чекам да одам таму и едвај чекам да ги запознам луѓето со кои што ќе работам. Со режисерите веќе се запознав. Ги знам, тие ме знаат, но другите актери сем еден од Србија кој летово беше на „Шекспир фест“ во Битола, не ги познавам.
Огнен Дранговски, актер.

Ова беше првичната реакција на македонскиот актер Огнен Дранговски по соопштувањето на информацијата дека е одбран есенва да патува во британската метропола и таму да учествува во подготовките на шекспировиот „Хамлет“, несекојдневниот и обединувачки проект што потем ќе биде прикажан во 200 држави на сите пет континенти. Во пресрет на неговото заминување тој, откако ќе забележи дека ова претставува големо признание
не само за него лично туку и за македонското глумиште од светски релевантна театарска институција, нималку не крие дека со нетрпение ги очекува првите проби.

„Едвај чекам да одам таму и едвај чекам да ги запознам луѓето со кои што ќе работам. Со режисерите веќе се запознав. Ги знам, тие ме
Една од задачите кои што си ги поставувам кога работам е да се трансформирам, тоа да, ама никогаш не се борам со себе си. Секојпат му дозволувам на Огнен да биди дел од таа претстава. Тоа е мојот принцип на работа. Секојпат имам да кажам нешто што јас го мислам преку ликот, преку претставата. Да го изнајдам начинот. Си го барам своето интересно место во претставата.
Огнен Дранговски, актер.
знаат, но другите актери сем еден од Србија кој летово беше на „Шекспир фест“ во Битола, не ги познавам. И, тоа е уште поинтересно бидејќи кога играш во театар, а нашиов е репертоарен театар, се знаеме сите и кога ја читаш поделбата на улогите веќе ти е јасно што да очекуваш и како ќе се одвиваат пробите. А, вака безмалку со никого не се познавам и тоа е одлично.“

Роден 1979 година во Битола, Дранговски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје и досега одиграл 50-тина улоги во матичната куќа и во Малиот драмски театар, а учествувал и во неколку меѓународни копродукциски проекти како „Циркус Европа“, „Тито – сигурни дијаграми на копнежот“ и други. Во 2009 година доби Златна маска за улогата на Аљоша во
„Браќата Карамазови“ во режија на Дејан Пројковски на „Охридско лето“, а следната година за истата роља ја доби наградата за главна машка улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ и беше прогласен за Лице на годината во областа на културата од „Битолски весник“.
Сметам дека театрите се затворени. Дека се забарикадирани со ѕидови и функционираат само локално и само за себе. Ние во Битола правиме претстави само за битолската публика, МНТ и Драмски само за нивната ...Треба да размислиме за тоа и да се отвориме едни кон други и да престанеме да бидеме себични. Себични сме ние во театрите.
Огнен Дранговски, актер.

Брилијантен во „Тартиф“ на Сашо Миленковски, извонредно убедлив во „Розенкрац и Гилдерстерн се мртви“ од Том Стопард во режија на гостинот од Србија Никита Миливојевиќ, самосвоен во „Хамлет машина“ што според текстот на Хајнер Милер ја постави Андреш Урбан...Огнен Дранговски од вечер во вечер успешно се транформира во друг лик потврдувајќи го правилото дека во Народниот театар во Битола виреат навистина големи глумци.

„Една од задачите кои што си ги поставувам кога работам е да се трансформирам, тоа да, ама никогаш не се борам со себе си. Секојпат му дозволувам на Огнен да биди дел од таа претстава. Тоа е мојот принцип на работа. Секојпат имам да
кажам нешто што јас го мислам преку ликот, преку претставата. Да го изнајдам начинот. Си го барам своето интересно место во претставата. Што е она што ме возбудува во неа. Дали е тоа што секогаш нешто ново треба да се направи ...да се научи да се свири некој инструмент или некоја нова вештина...Или можеби, пак, да се искаже некаков политички или емоционален став. Сето тоа ми дозволува да уживам во претставите и да не ми е толку тешко што катадневно трчам од проба на претстава и така во круг.“

Наспроти ваквата ангажираност и посветеност на професијата, ако се исклучат настапите на фестивалите или минатогодишниот инцидентен проект „Недела на Народниот театар – Битола во Скопје“, за жал, Дранговски тешко може да се види на некоја од другите сцени сем во матичниот театар. Дури, апсурдот да биде поголем тој заминува во „Глоуб“ а досега немал никаков глумачки ангажман во МНТ или во Драмски театар.

„Мислам дека театрите кај нас, менаџерите, раководствата и самите екипи во театрите, треба да сме поотворени за нови соработки, за нови луѓе, за актери гости...Ако ништо друго да има се почесто гостувања и размена на проекти и енергии. Мене навистина многу ми е криво што нашите претстави не може да ги види публиката во Скопје, Прилеп, Тетово, Штип, Куманово...или ние овде во Битола да ги проследиме нивните проекти. А, колкава е Македонија? За два часа со автомобил можеш да стигнеш од едниот на другиот крај. За секој актер е благородно и благодарно да работи со нови луѓе. Кога работиш со нови луѓе учиш многу нови работи, можеш да понудиш нови нешта.
Сметам дека театрите се затворени. Дека се забарикадирани со ѕидови и функционираат само локално и само за себе. Ние во Битола правиме претстави само за битолската публика, МНТ и Драмски само за нивната ...Треба да размислиме за тоа и да се отвориме едни кон други и да престанеме да бидеме себични. Себични сме ние во театрите. Театарот е медиум кој не е толку моќен како телевизијата. Навечер вашата претстава можат да ја видат не повеќе од 400 - 500 души, а тоа е навистина малку. И затоа треба да има повеќе размени, да те видат повеќе луѓе, да се запознаеш со повеќе публика. На тој начин ќе понудат поквалитетна програма театрите во Македонија. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG