Достапни линкови

Во Охрид се одржува 27-от „Меѓународен пливачки маратон“


Вкупно 28 пливачи од четири континенти, ќе учествуваат на 27-от Меѓународен пливачки маратон во Охрид што ќе започне денеска во 12 часот.
На патеката „Климе Савин“ во должина од 30 километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид ќе пливаат водечките во генерален пласман во двете категории Даниел Блум од Аргентина и Олга Козјодуб од Русија. Тука е и Симоне Ерколи од Италија, како второпласиран во машка конкуденција.
Македонската пливачка експедиција во Охрид ќе ја предводат Томи Стефановски и Евгениј Поп-Ацев кои го делат третото место во генералниот пласман, а тука се и Александар Илиевски и Дејан Младеновски. За жал, Македонија и овојпат нема да има своја преставничка на маратонот.
Првите пливачи на целта се очекува да пристигнат после 17 часот, зависно временските услови.
XS
SM
MD
LG