Достапни линкови

Србија. десет лица починале од вирусот Западен Нил


Во Србија од инфекција предизвикана од вирусот Западен Нил животот го загубиле десет лица, соопшти српскиот Институт за јавно здравство „Др Милан Јовановиќ Бабут“.
Официјално се пријавени 82 случаи на заболени од западнонилска треска, а од нив 56 имале клиничка слика на менингитис, енцефалитис или менингоенцефалитис.
Починатите лица се постари од 50 години и биле хронично болни.
Западнонилската треска е сезонско заболување кое го пренесуваат комарци и затоа е најраспространето во овој период.
XS
SM
MD
LG