Достапни линкови

„Арикл 19“ и „МИМ“: медиумските закони контра слободата на медиумите


Организацијата „Артикл 19“ со седиште во Лондон испрати писмо до министерот Иво Ивановски, до ОБСЕ, до Собранието и до Делегацијата на ЕУ. Во него се изразува загриженост за предлог-закон за медиуми и предлог-закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
Организацијата посочува дека во законот премногу „широко се поставени забрани за програмите“ и тие ќе имаат „ефект на замолчување на медиумите, и можат да доведат до арбитрарни ограничувања на легитимното изразување“.

И од Македонскиот Институт за Медиуми денеска изразија загриженост за, како што наведоа, штетните последици од прифаќањето на амандманите со кои Агенцијата за медиуми добива ингеренции да ги контролира и печатените и интернет- медиумите, а приватните телевизии да се кофинансираат со средства од буџетот на државата.
Со прифаќањето на овие решенија, Владата практично ја враќа првичната верзија на законот, со што потврдува дека јавните расправи и дискусии биле само фарса, со цел да се озакони целосната контрола врз медиумскиот систем во земјава, се вели во соопштението на МИМ.
XS
SM
MD
LG