Достапни линкови

logo-print

Анти владини протести на Братсвото низ помали улици во Каиро


Подржувачите на соборениот египетски претседател Мухамед Морси одржаа митинзи низ Каиро.
Неколку илјади демонстранти извикуваа анти владини слогани низ помали улици во Каиро, одбегнувајќи ги главните патишта и плоштади, каде што владините безбедносни сили беа распоредени да ги пресретнат.
Денешните протести беа тест за тоа дали Муслиманското братство може да продолжи со притисокот врз привремена влада на Египет.
Голем дел од лидерите на Братството е уапсен во изминатите неколку дена, а членови се качил во бегство. Стотици eгипќани загинаа во судирите откако Морси беше отсранет од власта од страна на војската на 3 јули.
XS
SM
MD
LG