Достапни линкови

Јованка Броз е хоспитализрана во Белград


Јованка и Тито

Јованка и Тито

Јованка Броз, вдовицата на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, денеска е примена во Клиничкиот центар во Белград поради влошена здравствена состојба. Се уште нема информации дали се наоѓа во животна опасност. Директорот на болницата Златибор Лончар подоцна ќе одржи прес-конференција за состојбата на 89-годишната Јованка Броз.
Таа е родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живееше до неговата смрт во 1980 година.
Јованка Броз сега живее во скромни услови во белградската населба Дедиње. Вдовицата на Тито ретко се појавува во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлече нејзината исповед.
XS
SM
MD
LG