Достапни линкови

Вишок во германскиот буџет


Германија во првата половина од годинава оствари буџетски вишок од 0,6 насто од бруто домашниот производ. Се прецизира дека за тој период Германија остварила вишок во буџетот од 8 ипол милијарди евра. Тоа, како што денеска соопшти Сојузниот завод за статистика, е резултат од зголемениот прилив од даноците. Суфицитите во буџетот е ретка појава за европските земји, а повеќето од нив имаат дефицити поголеми од три насто од БДП, однонсно од границата која ја одреди Европската унија.
XS
SM
MD
LG