Достапни линкови

Мерки има, приход од туризам нема


Туристичка сезона во Преспа.
Туристичка сезона во Преспа.

Приливот од туризам во БДП-то не надминува 2 проценти во споредба со соседните земји каде што достасува до 10 проценти. Од Стопанската комора за туризам се надеваат дека до 2020 овој процент може да се доведе до 7 или 8 проценти, но експертите велат дека ова е преоптимистичко очекување и дека ние треба да сме задоволни и со наголемување до 3 насто од БДП.

Долго траат размислувањата како да се зголеми туристичката понуда и Македонија да донесе поголем број туристи во земјава, но се чини дека сме далеку се уште дури и од оние држави кои не излагуваат на море. Во овој момент приливот од туризам во бруто домашниот производ не надминува 2 проценти во споредба со соседните земји каде што достасува до 10 проценти.
Имаме пет елементи за кои во делот на стратегијата се размислува и се разговара, тоа е тој културниот туризам, планинскиот туризам, винскиот туризам е многу интересен, тоа е да речеме, еден високо вносен туристички производ.
Татјана Перивиќ Митрова , потретседателка на Стопанската комора за туризам.

Потретседателката на Стопанската комора за туризам Татјана Перивиќ Митрова се надева дека до 2020 овој процент може да се доведе до 7 или 8 проценти, но експертите велат дека ова е преоптимистичко очекување и дека ние треба да сме задоволни и со наголемување до 3 насто од БДП. Националната стратегија за туризам донесена во 2011 година треба да се ревидира, посочува Перовиќ Митрова.
Плажа во Охрид.
Плажа во Охрид.

„Македонија не е, не зборуваме за мас туризам, имаме пет елементи за кои во делот на стратегијата се размислува и се разговара, тоа е тој културниот туризам, планинскиот туризам, винскиот туризам е многу интересен, тоа е да речеме, еден високо вносен туристички производ.“
Туристите доаѓаат преку тур- операторите во странство, значи ние во нашата држава немаме трговец на големо кој ќе биде во состојба да закупи капацитети. Во таа смисла треба да се насочи стратешкиот пристап што треба да го имаме во туризмот.
Науме Мариноски, универзитетски професор.

Професорот Науме Мариноски кој работи на ревизија на стратегијата се согласува дека понудата на нови содржини е нешто што е суштинско за зголемување на бројот на туристите, Тука вели дека нешто почнува да се менува и ги споменуцва околните атрактивни охридски локалции како што се Велгошти, Вевчани, Скребатно, потоа заливот на коските и други како обиди кон тоа. Тој ги потврдува тврдењата дека бројот на странски туристи е нешто зголемен како резултат на владините субвенции и реклами, но дека тука има уште многу простор особено во делот на стопанската организација на понудата.

„Туристите доаѓаат преку тур- операторите во странство, значи ние во нашата држава немаме трговец на големо кој ќе биде во состојба да закупи капацитети. Во таа смисла треба да се насочи стратешкиот пристап што треба да го имаме во туризмот“, вели професорот Науме Мариноски.

Од друга страна бројот на домашните туристи на кој се базира домашниот туризам годинава е рапидно опаднат. Стандардот на луѓето во Македонија и драстичните попусти во околните земји каде што има море се главните причини. Она што како многу важен проблем кој влијае на ова е и домашната инфраструктура која е во лоша состојба како и регулирањето на пазарот во делот на сивата економија, посочува Митрова Перовиќ.
XS
SM
MD
LG