Достапни линкови

logo-print

Во гаснење на пожарот во битолско и хеликоптери на АРМ


Дирекцијата за заштита и спасување информира дека се уште е активен пожарот меѓу селата Лисолај и Древеник во Општина Битола, за чие гасење се ангажирани 106 лица. Во текот на вечерните часови и рано утринава голем дел од пожарот е ставен под контрола и се продолжува со гасење на местата каде се уште е активен. Поради специфичниот терен, но и поради близината и добрите услови за полнење на вода од акумулацијата Стрежево Дирекцијата активира два хелихоптери на Армијата на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG