Достапни линкови

logo-print

ОН: милион деца бегалци од Сирија


Обединетите нации објавија дека бројот на деца кои биле принудени да ја напуштат Сирија поради војната достигнал 1 милион.Тоа е половина од вкупно два милиони луѓе колку што ја напуштиле Сирија од почетокот на војната пред 2,5 години. Во извештајот на светската организација се наведува дека децата често се соочуваат со закани да бидат жртви поради нападите или се регрутираат како војници. Според ОН околу 740 000 сиријски бегалци се на возраст под 11 години. Поголем дел од бегалците од Сирија наоѓаат во Турција, Либан, Ирак, Јордан и Северна Африка.
XS
SM
MD
LG