Достапни линкови

Денеска е последен рок за извештај на Комисијата


Macedonia - The ad hoc commision set up to clarify the events in and outside the Parliament of Republic of Macedonia on 24 December 2012 met for the first time at the cabinet of President Gjorge Ivanov - 14Jun2013

Macedonia - The ad hoc commision set up to clarify the events in and outside the Parliament of Republic of Macedonia on 24 December 2012 met for the first time at the cabinet of President Gjorge Ivanov - 14Jun2013

Денеска истекува крајниот рок до кој ад хок комисијата треба да донесе заклучоци за настаните во Собранието на 24 декември. Претседателот во оставка на комисијата Борче Давитковски вчера рече дека крајниот збор сега го имаат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев но не исклучи секакво можно сценарио. Пред да се сретне со Давитковски, Груевски кажа дека влогот за државата е голем.
ВМРО-ДПМНЕ цело време е фокусирана и посветена дијалогот да успее, а од друга страна гледаме дека СДСМ повеќе е фокусирана на порталите што ги контролира и на тоа да пуштаат некои сплетки, манипулации, а помалку се фокусирани на решавање на проблемот, рече Груевски.За СДСМ решението е возможно ако сите го преземат својот дел од одговорноста.
-Клучното прашпање што Груевски не го одговори е што тој и ВМРО-ДПМНЕ направија проблемот да го оставиме зад нас. Наместо тоа гледаме сценарија да се минираат разговорите. Но ние ќе работиме за интересите на државата и на граѓаните. Сметаме дека решение на Анкетната комисија е возможно, ако сите што учествувале си го преземат својот дел од одговорноста, вели Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ.Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоарн Заев во понеделникот се договорија во периодот што следи да се вложат последни напори за откочување на процесот и донесување решение во врска со извештајот на комисијата. Евентуалниот неуспехот да се постигне договор ќе значи дека нема политички дијалог во земјата и со тоа, дека не се исполнети условите од мартовскиот договор.
XS
SM
MD
LG