Достапни линкови

Бејлс се извини за масакрот во Авганистан


Американскиот војник Роберт Бeјлс се извини за маскрот врз 16 те невооружени авганистански цивили. Тој на сослушувањето во американската воена база во Вашингтон изјави дека крвопролевањето било акт на кукавичлук. Војникот, кој има 39 години, изјави дека вистински жали за семејствата на луѓето што тој ги уби во крвавиот масакар во март 2012 та година во Кандахар. Бејлс во јуни се изјасни дека е виновен што е дел од договорот според кој тој нема да биде осуден на смртна казна за убиствата, но ќе се соочи со доживотен затвор. Конечна одлука треба да биде донесена денеска.
XS
SM
MD
LG