Достапни линкови

Отворени 52. Струшки вечери на поезијата



Со традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга,синоќа почнаa 52. Струшки вечери на поезијата. Манифестацијата официјално ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска . На добитникот на „Златниот венец“ за 2013-та, истакнатиот мексикански поет, романсиер, преведувач и критичар Хосе Емилио Пачеко наградата ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“. Фестивалот се одржува во Домот на поезијата во Струга до 25 август, а следните два дена учесниците ќе ги посетат Скопје и други градови низ Македонија. Освен од Македонија, на СВП учествуваат околу 50 истакнати поети од Бугарија, Грција, Англија, Германија, Египет, Индија, Јапонија, Израел,Кина, Русија, Полска, Шпанија, Куба.
XS
SM
MD
LG