Достапни линкови

Мубарак пуштен од затвор, пренесен во болница


Екс-претседателот на Египет Хосни Мубарак е ослободен од затвор. Поранешниот лидер бил пренесен со хеликоптер од затворот Тора во близина на Каро кон болница. Екс-лидерот отслужуваше затворска казна од 2011 година по неговото отстранување по народно востание. Во средата судот одлучи условно да ја укине затворската казна за 85 годишниот поранешен лидер откако Мубарак беше ослободен од обвиненијата за корупција. Од кабинетот на актуелниот вршител на претседателската должност на Египет соопштија дека поранешниот шеф на државата ќе биде во куќен притвор.
XS
SM
MD
LG