Достапни линкови

Обвинителството нареди ослободување на Мубарак


Медиумите јавуваат дека египетското јавно обвинителство наредило ослободување од затвор на екс-претседателот на Египет Хосни Мубарак. Претставници на властите кои зборуваа под услов на анонимност, потврдија дека во затвотот Тора во близина на Каиро биле испратени писмени инструкции за ослободување на Мубарак. Екс-лидерот отслужуваше затворска казна од 2011 година по неговото отстранување по народно востание. Во средата судот одлучи условно да го ослободи 85 годишниот поранешен лидер откако Мубарак беше ослободен од обвиненијата за корупција. Од кабинетот на привремениот претседател на Египет соопштија дека тој ќе биде во куќен притвор.
XS
SM
MD
LG