Достапни линкови

Струшки вечери на поезијата зачинети со политика


Прес конференција за манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
Прес конференција за манифестацијата Струшки вечери на поезијата.

Струшкиот градоначалник и општина Струга целосно ќе ги бојкотираат Струшките вечери на поезијата. Причина е не употребата на албанскиот јазик.

Политиката влезе и во Струшките вечери на поезијата. Градоначалникот на Струга, Зијадин Села рече дека поради неупотребата на албанскиот јазик на отварањето на фестивалот, лично тој и општината годинава целосно ќе го бојкотираат фестивалот и нема да учествуваат на него. Според него, причина за ваквата негова одлука е непочитување на законот за употреба на јазиците од страна на раководството на фестивалот.
Она што јас го барав од директорот и Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата е говорот освен на македонски и англиски да биде и на албански јазик. Тоа не го прифатија со чудно образложение дека отварањето ќе се емитувало на првата програма на МТВ.
Зиадин Села, градоначалник на Струга.

„Она што јас го барав од директорот и Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата е говорот освен на македонски и англиски да биде и на албански јазик. Тоа не го прифатија со чудно образложение дека отварањето ќе се емитувало на првата програма на МТВ. И јас ги прашав зарем не е дозволиво ниту еден збор да се слушне и на албански јазик. На една манифестација на која ќе се зборува на сите јазици кои се зборуваат во светот нема волја да се почитува законот, а Струга е општина каде во локална употреба е и албанскиот јазик и тој е службен јазик“, рече Села.
Хозе Емилијо Пачеко, мексикански поет, добитник на златниот венец на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Хозе Емилијо Пачеко, мексикански поет, добитник на златниот венец на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Доколку наредната година ова прашање не се реши Села рече дека нема да дозволат ниту да се одржат Струшките вечери на поезијата кои повеќе од пет децении се симбол на градот. Села најави дека ќе бара одговорност и од директорот на фестивалот.
Градоначалникот нека се занимава со другите проблеми, а ние со нашите фестивалски. Тоа не се проблеми на градоначалникот тоа се проблеми на фестивалот? Ќе одговориме во пригода која ќе биде посветена на тие настани.
Мите Стевоски, директор на Струшки вечери на поезијата.

„Нема да дозволиме да се делиме на блокови, овде да се употребува албанскиот јазик, а ако одиш 50 метри натаму албанскиот јазик да не е службен. Ќе барам одговорност од директорот за непочитување на законот за јазиците, а од другата година ако не најдеме решение, кое стои во законот, можеби ќе спречиме да не се одржи оваа манифестација“, рече Села.
Се додека не се почитуваат 60 отсто од граѓаните на Струга кои се Албанци, јас нема што да излегувам и да држам говори, додаде Села.

Директорот на фестивалот Мите Стевоски на прес конференцијата пред отварањето на фестивалот не сакаше да ја коментира одлуката на градоначалникот Села.

„Не би сакал прес конференцијата наменета за лауреатот да биде искористена за коментари на некакви си политички настани. Не сум ја слушнал се уште таа изјава. Штета е да се злоупотреби ваков настан. Градоначалникот нека се занимава со другите проблеми, а ние со нашите фестивалски. Тоа не се проблеми на градоначалникот тоа се проблеми на фестивалот? Ќе одговориме во пригода која ќе биде посветена на тие настани“, рече Стевоски.

Златниот венец на фестивалот годинава му припадна на мексиканскиот поет Хозе Емилијо Пачеко.
XS
SM
MD
LG