Достапни линкови

Пакистан нема да преговара со вооружени милитанти


Владата во Пакистан соопшти дека милитантите мора да се разоружаат пред било какви преговори со Исламбад. Соопштението следи по денешната лидерска средба и откако премиерот Наваз Шариф го прогласи тероризмот за егзистенцијална закана за Пакистан во понеделникот. На лидерската средба било одлучено да се формира национален совет за безбедност, тело кое ќе работи на безбедносните предизвици во земјата.
XS
SM
MD
LG