Достапни линкови

Давитоглу со критики за ОН во врска со Сирија


Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давитоглу изјави дека сите црвени линии се преминати по нападот со хемиско оружје во Сирија. Тој упати критики до Советот за безбедност при Обединетите нации за неуспех во одобрувањето на соодветни санкции. Советот побара непристрасна итна истрага за инцидентот во предградие на Дамаск, но за сега не се знае дали истрагата ќе ја водат инспекторите на Обединетите нации кои веќе се во Сирија. Во меѓувреме, сиријските владини сили продолжуваат со бомбардирањето на Дамаск на локациите каде, според опозиционерите, бил извршен нападот со хемиско оружје. Се проценува дека од 136 до 1300 лица загинале во инцидентот во кој наводно се користел отровен гас.
XS
SM
MD
LG