Достапни линкови

Русија: Можно поништување на кандидатурата на Навални


Шефот на Московската градска изборна комисија изјави дека се разгледуваат наводни неправилности во кампањата на кандидатот за градоначалник Алексеј Навални, поради кои можно е опозицискиот блогер да биде дисквалификуван од трката. Првиот човек на комисијата Валентин Горбунов рече дека се проверуваат жалби за наводна дистрибуција на печатени материјали кои не биле финанситани од фондот за кампања на кандидатот. Горбунов додаде дека комисијата размислува за можно поништување на кандидатурата на Навални.
XS
SM
MD
LG