Достапни линкови

Можно обвинение против претседателот на ФБиХ


Обвинението против претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Живко Будимир, осомничен за корупција, би можело да биде покренато до крајот на месецот и во тој случај судењето може да се очекува во септември, јавуваат медиумите. Будимир и уште три лица се обвинети дека противзаконски одобрувале помилување на лица обвинети за тешки кривични дела и за тоа примале поткуп. Весникот „Дневни аваз“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, наведува дека двата тима на Обвинителството на БиХ, кои четири месеци работеле на обезбедување докази, ја завршиле својата работа и го документирале предметот.
XS
SM
MD
LG