Достапни линкови

Солидарна одговорност за прекршен Устав?


Уставот на 24 декември е прекршен и тука нема дилема дали е многу или малку, едногласни се некои експерти за инцидентите во македонскиот Парламент кога пратениците на опозицијата и новинарите беа остранети, а за кои и денеска се расправа во ад хок Комисијата. Тие единствениот компромис го гледаат во можноста за солидиризирање на одговорноста.

Иако претседателот на комисијата во оставка, Борче Давитковски со своите изјави ја подготвува јавноста на одврзување на долгомесечниот јазол меѓу власта и опозицијата околу инцидентите кои се случија во Собранието на 24 декември, што е дел од мартовскиот договор кој го потпишаа двете страни, експертите не можат да видат на што се темели овој оптимизам од причини што двете страни се на две непомирливи стојалишта околу формулациите кои треба да станат дел од заедничкиот извештај.
Во конкретнава ситуација кога и едната и другата страна стојат на свои позиции, тешко е да се најде компромис, а решение е можно, решението е во тоа владејачката гарнитура да си ја признае својата грешка, се работи за тоа, тука нема дилема, се работи за грубо кршење на Уставот.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.

Она за што се едногласни е дека прекршување на Уставот на 24 декември имало и од тоа не може да се избега па оттука проценката е дека копјата се кршат околу прашањето на одговорноста каде што власта и опозицијата ќе треба да постигнат некво усогласување.
Комисија за 24 декември.
Комисија за 24 декември.

„Во конкретнава ситуација кога и едната и другата страна стојат на свои позиции, тешко е да се најде компромис, а решение е можно, решението е во тоа владејачката гарнитура да си ја признае својата грешка, се работи за тоа, тука нема дилема, се работи за грубо кршење на Уставот“, изјави професор Темелко Ристевски.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели:

„Има прекршување на одредбите на Уставот, одредбите на Законот за Собрание, одредбите од
Доколку се решени да има еден извештај, каков таков, тогаш може да има квалификација дека се прекршени прописите, но дека тука учеството и на двете страни придонело со тоа. Во смисла, пратениците на СДСМ ја попречиле работата на Собранието, што е спротивно на одредбите од Деловникот, Законот за Собрание и тн.и тука во делот на одговорноста да се солидаризира одговорноста меѓу учесниците.
Насер Зибери, политички аналитичар.
Деловникот за работа на Собрание. Прашањето на тоа дали постои прекршување на Уставот или не само што не е спорно туку не може да биде ни предмет на расправа“.

Оттука, вели Зибери и не може да се бара компромис околу тоа зошто прекршувањето на Уставот или законот е прекршување и не може да биде помало или поголемо. Но тој гледа можност за компромис во делот на одговорноста која зависи од одредбата која регулира одредена ситуација.
Зибери е на мислење дека владејачката партија нема да отстапи од ова прашање и ќе се спротивставува до крај во делот на утврдување на одговорноста меѓу другото и затоа што тоа би значело целосно преземање на вината на нејзина страна. Но можност за компрмис гледа и тоа во евентуалната согласност да се солидаризира одговорноста меѓу учесниците.

„Доколку се решени да има еден извештај, каков таков, тогаш може да има квалификација дека се прекршени прописите, но дека тука учеството и на двете страни придонело со тоа. Во смисла, пратениците на СДСМ ја попречиле работата на Собранието, што е спротивно на одредбите од Деловникот, Законот за Собрание и тн.и тука во делот на одговорноста да се солидаризира одговорноста меѓу учесниците“, посочува Зибери.

Давитковски најави дека очекува потпис на заедничкиот извештај до утре. Повеќе детали не се изнесуваат јавно. Познато е дека СДСМ инсистира во извештајот да биде констатирано дека на 24 декември е прекрпшен Уставот и законите во Собранието.
XS
SM
MD
LG