Достапни линкови

Нови напади врз предградието на Дамаск


Сиријските владини сили денеска ги продолжиле нападите врз предградието на Дамаск во кое, според наводите на опозицијата, вчера било употребено хемиско оружје. Сиријската Опсерваторија за човекови права со седиште во Британија прецизира дека станува збор за ракетни напади. Во вчерашниот напад, како што беше наведено од оваа Опсерваторија, загинале околу 1300 луѓе. Режимот на претседателот Башар ал Асад демантира секаква поврзаност со нападот.
XS
SM
MD
LG