Достапни линкови

Визни ограничувања на албанско-грчката граница


Властите во Албанија ќе одговорат со реципрочни мерки откако грчките погранични власти воведоа посебни мерки за влегување на албански граѓани во Грција. Според албанските медиуми, грчките власти на двата гранични премина Какавија и Кристалопиги не дозволиле влез на албански граѓани кои немале визи за престој во Грција. Албанците имаат биометриски пасоши со кои можат да патуваат во Шенген но, според албанската телевизија Топ чанел, од вчера грчките власти не дозволувале влез во државата без визи. Тие барале секој албански граѓанин кој влегува на грчка територија да носи со себе и конкретна сума пари.
XS
SM
MD
LG