Достапни линкови

Истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија


Советот за безбедност на Обединетите нации на итната седница зад затворена врата побара разјаснувања во врска со наводите за напад со хемиско оружје во Сирија. Во нападот до кој дојде вчера во едно предградие на Дамаск, според опозицијата, загинале над илјада и триста луѓе.

Видео снимката и други слики дистрибуирани од приврзаници на сиријската опозиција, чија автентичност не може да биде потврдена од независни извори, покажуваат многу жртви, пред се деца.
Можам да кажам дека има голема загриженост меѓу членките на Советот за наводите и општо чувство дека мора да се разјасни што навистина се случило. Сите членки се согласни дека секоја употреба на хемиско оружје од која било страна, под какви и да е услови, е кршење на меѓународното право.

Некои експерти велат дека станува збор за напад со гасот сарин, но засега не се знае кој отров бил искористен. Сиријската влада ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили биле одговорни за инцидентот.

Соединетите Држави и сојузниците побараа експертите на Обединетите нации, кои во моментов се наоѓаат во Сирија, веднаш да го испитаат случајот.

Русија, која ја поддржува сиријската влада, ги оспори околностите на инцидентот, сугерирајќи дека би можело да станува збор за провокација на бунтовниците.
Марија Кристина Персевал, амбасадор на Аргентина

Марија Кристина Персевал, амбасадор на Аргентина


Се што е кажано е апсурдно, примитивно, нелогично и фабрикувано. Тврдиме дека воопшто немало употреба на хемсико оружје, барем не од страна на сиријската армија или од сиријската држава и тоа лесно се докажува.
На итната седница зад затворена врата, поделениот Совет за безбедност на Обединетите нации поддржа непристрасна и навремена истрага на инцидентот, но не прецизира дали таа би ја извеле експертите на Светската организација кои сега се наоѓаат во Сирија.

„Можам да кажам дека има голема загриженост меѓу членките на Советот за наводите и општо чувство дека мора да се разјасни што навистина се случило. Сите членки се согласни дека секоја употреба на хемиско оружје од која било страна, под какви и да е услови, е кршење на меѓународното право“, изјави Марија Кристина Персевал, амбасадор на Аргентина, која е актуелен претседавач на Советот за безбедност.

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации Јан Елијасон изрази надеж дека експертите на Светската организација, кои сега се во Сирија, ќе бидат во можност да го посетат предградието каде што дошло до нападот.

Тој додаде дека генералниот секретар Бан Ки-мун бил шокиран од сериозната ескалација на две ипол годишната војна во Сирија.

„Како што гледате од изјавата на генералниот секретар, тој е шокиран од овие наводи и ние бараме тие да бидат истражени што е можно поскоро“, изјави Елијасон.

Сиријскиот министер за информирање Омран Зоаби демантира секаква вклученост на владата во нападот, обвинувајќи ги бунтовничките сили за, како што рече, „фабрикување на инцидентот со оглед на успешните операции на владините сили“.

„Се што е кажано е апсурдно, примитивно, нелогично и фабрикувано. Тврдиме дека воопшто немало употреба на хемсико оружје, барем не од страна на сиријската армија или од сиријската држава и тоа лесно се докажува“, рече Зоаби.
Сиријскиот министер за информирање Омран Зоаби

Сиријскиот министер за информирање Омран Зоаби


Тим на Обединетите нации се наоѓа во Сирија со мандат да ги истражи наводите за предходни напади со хемсико оружје. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека користат такво оружје.

Американскиот претседател Барак Обама претходно изјави дека употребата на хемиско оружје од силите на претседателот Башар ал Асад ќе биде црвената линија која би можело да води до поголема американска интервенција.

Во јуни, администрацијата на Обама соопшти дека верува оти сиријската влада употребила хемиско оружје и оти затоа ќе ја зголеми американската помош за бунтовничките сили.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG