Достапни линкови

Инаугурација на Мугабе за претседател на Зимбабве


Роберт Мугабе

Роберт Мугабе

Роберт Мугабе денеска презема уште еден пет годишен мандат како претседател на Зимбабве. Изборната комисија објави дека 89 годишниот Мугабе, кој владее во земјата веќе 33 години, бил убедлив победник на изборите одржани на 31 минатиот месец. Опозицискиот лидер Морган Цвангираи оцени дека изборите биле лажирани. Соединетите држави и Европската унија изразија загриженост за изборниот процес, но повеќето земји во Африка ги прифатија резултатите. Мугабе е на власт во Зимбабве откако независноста на таа земја беше меѓународно призната во 1980 година.
XS
SM
MD
LG