Достапни линкови

Сведочења за масакрот на војникот Бејлс во Авганистан


Скица на обвинетиот Роберт Бејлс за време на сослушувањето во воената база во Вашингтон

Скица на обвинетиот Роберт Бејлс за време на сослушувањето во воената база во Вашингтон

Хаџи Мухамед Вазир, кој загуби 11 членови на неговото семејство при масакрот во едно авганистанско село извршен од страна на американскиот војник Роберт Бејлс сведочеше на сослушувањето на обвинетиот во воена база во Вашингтон.
Тој ја опиша огромната болка која ја почуствувал кога открил дека неговата мајка, сопруга и шест деца биле меѓу жртвите на нападот на Бејлс во минатата година во покраината Кандахар. Бејлс призна дека е виновен за масакрот под договор дека нема да биде осуден на смртна казна.
XS
SM
MD
LG