Достапни линкови

Советот на Европа бара објаснување од Британија за Сноуден


Советот на Европа побара објаснување од Британија зошто властите наредиле весникот Гардијан да ја уништи својата компјутерска опрема. Во писмото на Советот е наведено дека таквите мерки може да имаат застрашувачки ефект врз новинарите и слободата на изразување.
Весникот ги објави наводите на Едвард Сноуден за американските тајни надзорни програми. Властите во неделата го притворија и партнерот на Глен Гринвалд, кој прв извести за наводите на Сноуден, при што му била заплената и опремата.
XS
SM
MD
LG