Достапни линкови

САД-Агенцијата за безбедност собрала илјадници мејлови


Американските разузнавачки служби објавија документи во кои е наведено дека Националната агенција за безбедност собирала десетици илјади мејлови и други видови на комуникација од американски државјани кои немале никаква поврзаност со тероризам.
Според властите, документите биле објавени со цел да се покаже дека агенцијата е во можност да ги идентификува и да ги поправи техничките проблеми кои довеле до ненамерно собирање на мејловите на граѓаните без потребниот налог. Американските надзорни програми во последно време се под критика по нивното обелоденување од страна на Едвард Сноуден.
XS
SM
MD
LG