Достапни линкови

Меркел: Нема одлука за нова програма за Грција


Нема да има одлука за нова програма за помош за Грција пред 2014 година, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Таа наведе дека се уште не е познато колкава сума ќе и биде потребна на Грција, потенцирајќи оти тоа би се знаело кон средина на следната година. „Не можам да зборувам за сума, не знам, тоа не може да се знае. Се што може да се каже е дека Грција треба да продолжи по патот и ние че ја поддржиме колку што можеме“ рече Меркел. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле вчера изјави дека Грција и во 2014 година ќе има потреба од помош од меѓународните партнери.
XS
SM
MD
LG