Достапни линкови

ЕУ ќе ја ревидира помошта за Египет


Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија го осудија насилството во Египет но не одлучија да ја прекинат меѓународната помош за земјата. Шефицата за надворешна политика на Унијата Кетрин Ештон изјави дека на состанокот во Брисел било договорено да се ревидира европската помош за Египет, додавајки дека ќе се продолжи со подршката на најранливите групи во општеството. Ештон ги повика сите страни да отпочнат преговори со цел да се сопре крвопролевањето. Таа додаде дека министрите ја осудиле прекумерната употреба на сила од страна на воената власт, но и насилството од страна на дел од противниците на војската во земјата.
XS
SM
MD
LG