Достапни линкови

Пари за Грција од европскиот буџет?


Третиот пакет финансиска помош за Грција ќе биде делумно финансиран од европскиот буџет, но ќе биде значително помал од претходните два пакети за земјата, објави денеска германскиот весник „Зидојче цајтунг“. Весникот се повикува на изјава на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој вчера ја посочи потребата од нова програма за помош на Грција, истовремено исклучувајќи ја можноста за ново „бришење“ на грчкиот долг. Според медиумот, се разгледува можноста на Атина да и биде обезбеден дополнителен капитал од структурните фондови на Европската унија, со цел да се поттикне растот на економијата и да се овозможи ослободување национален капитал за сервисирање на грчкиот долг.
XS
SM
MD
LG