Достапни линкови

Околу 1300 жртви во нападот во Сирија, тврди опозицијата


Главната сиријска опозициска група соопшти дека 1300 лица биле убиени во нападот со хемиско оружје во предградие на Дамаск. Претставници на Сиријската национална коалиција на прес конференцијата во Истамбул изјавија дека со денешните напади се означува нов момент во граѓанската војна во земјата. „Овој пат се одлучи да се организира напад за збришување а не за тероризирање“ изјави членот на комисјата Џорџ Сабра. Претходно, портпаролот на Сиријскиот национален совет во Истамбул Халед Салех изјави дека владата на претседателот Башар ал Асад е виновна за нападот со хемиско оружје. Портпарол на сиријската војска, пак изјави дека ваквите тврдења се невистинити. Сиријската обсерваторија за човекови права со седиште во Лондон ги повика експертите на Обединетите нации, кои во неделата допатуваа во Сирија, да покренат истрага со цел да се утврди кој е одговорен за инцидентот.
XS
SM
MD
LG