Достапни линкови

Министрите од ЕУ дискутираат за Египет


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Министрите за надворешни работи од земјите членки на Европската унија го започнаа состанокот за актуелната ситуација во Египет и убиствата на подржувачи на отстранетиот исмалистички претседател Мухамед Морси. Шефицата на Унијата за надворешна политика Кетрин Ештон рече дека министрите ќе разговартаат за изнаоѓање на политичко решение за кризата во земјата. Германскиот министер за надворешни работи Гуидо Вестервиле рече дека целта на средбата е да се испрати силен сигнал до Египет, додавајки дека потребни се реални очекувања за исходот од состанокот. Европската унија е најголем трговски партнер на Египет. Унијата лани одвои 5 милијарди евра помош за земјата.
XS
SM
MD
LG