Достапни линкови

logo-print

СДСМ - власта носи закони за медиумски мрак


Седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија на која се дискутира за законите за медиуми.

Седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија на која се дискутира за законите за медиуми.

Пратеничката на СДСМ Весна Бендевска на денешната расправа за законите за медиуми рече дека со законите ќе се спроведува само медиумски мрак.

Веќе е јасно дека се носи закон чие име би било многу поправилно и пореално да го носи името „Закон за медиумски мрак“ и концептот кој го предлага Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски предвидува концентрирање на целата моќ врз сите медиуми да биде во рацете на една личност, порача пратеничката на СДСМ Весна Бендевска на комисиската расправа во Собранието за предлог законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Според неа, веќе е познато и дека првиот човек на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски ќе биде директор на Агенцијата за медиуми.
Недозволиво е да носиме закон за вака сензитивна област како медиумската во кое еден човек ќе прима директни наредби од Груевски и фамилијата да спроведува ништо друго освен медиумски мрак.

„Недозволиво е да носиме закон за вака сензитивна област како медиумската во кое еден човек ќе прима директни наредби од Груевски и фамилијата да спроведува ништо друго освен медиумски мрак“, вели Бендевска.

За пратеникот на СДСМ Благој Стојановски спорен е и изборот на членовите на Советот на Агенцијата, како и ограничувањето на нивните ингеренции во корист на директорот кој ќе носи конечни одлуки кога одреден медиум го прекршил законот.

„Сметаме дека на директорот не смееме да му дадеме право да отвора и затвора медиуми по свое убедувања. Советот е тој што треба да одлучи за какви било мерки по однос на прекршување на законот. На овој начин му се даваат
Никола Груевски и оваа влада нема да дозволат ни запирка да стои во било кој текст каде што тие мислат дека не треба да стои. И ќе имаме нови апсења на новинарите и нови лустрации и се и сешто во оваа држава.
преголеми ингеренции на директорот. Затворањето на медиуми, казните и санкции мора да бидат во надлежност на Советот на Агенцијата“, вели Стојковски.

Ивановски образложи дека седумте членови на советот ќе можат да го изберат и разрешат директорот, а стручните служби ќе ја надгледуваат неговата работа. Но пратеникот Сафет Бишевац, предложи Агенцијата за медиуми да се нарекува Центар за лаги и комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Никола Груевски и оваа влада нема да дозволат ни запирка да стои во било кој текст каде што тие мислат дека не треба да стои. И ќе имаме нови апсења на новинарите и нови лустрации и се и сешто во оваа држава“, вели Бишевац.

Предлог законот се наоѓа во второ читање, при што се претресуваа амандманите од кои поголемиот дел се предложени од СДСМ. Според нив, Ивановски ги прифаќа само оние амандманите од опозицијата кои се со технички, а не суштински карактер.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG