Достапни линкови

Решението за 24 декември на повидок?


Претседателот на комисијата за 24 декември во оставка, Борче Давитковски е оптимист дека решението е многу блиску.

Мислам дека сме многу блиску до решение, јас сум оптимист, изјави претседателот на комисијата за 24 декември, Борче Давитковски по одвоените консултации што ги одржа со членовите на експертската комисија за 24 декември од двете партии, на која беше присутен и странскиот експерт Петер Ванхаусен.
Не можам ништо да ви кажам, но мислам дека сме многу блиску до решение, јас се уште сум оптимист.
Борче Давитковски, претседател на Комисијата во оставка.

„Не можам ништо да ви кажам, но мислам дека сме многу блиску до решение, јас се уште сум оптимист“, рече во кусата изјава Давитковски.

Тој рече и дека се работи на усогласување на интересите и дека Комисијата продолжува со заедничка работа, така што до петок ги очекува и потписите на извештајот од страна на двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Затоа што двете партии се плашат од тоа. Нека си кажат дека ќе нема одговорност, ќе нема некоја морална или тешка материјална одговорност, не ќе мора да се разреши претседателот на Собранието, не ќе има некои последици, туку ќе се направи политичка клима за подобро работење во иднина. Тоа би бил единствениот компромис. Инакуе, во друго позиции, нема компромис.
Алајдин Демири, политички аналитичар.

Експертите засега скептични и со доза на претпазливост го очекуваат најавеното решение до петок. Ова пред се како што велат од причина што партиите во досегашните изјави покажале дека се заинтересирани за својата вистина наместо за компромис. При тоа коментираат и дека единствен пат до решението е ослободување од барањето за утврдување на одговорноста.

„Затоа што двете партии се плашат од тоа. Нека си кажат дека ќе нема одговорност, ќе нема некоја морална или тешка материјална одговорност, не ќе мора да се разреши претседателот на Собранието, не ќе има некои последици, туку ќе се направи политичка клима за подобро работење во иднина. Тоа би бил единствениот компромис. Инакуе, во друго позиции, нема компромис“, изјави аналитичарот Алајдин Демири.

Сега е многу поважно да се обезбеди позитивна клима за работењето во иднина, вели професор Никола Дујоски.

„Одамна помина 24 декември а ние не напреднавме воопшто ништо. Одговорноста си е одговорност, никогаш нема да ја утврдат до крај, ниту кај тие што нешто правеле, ниту кај тие што нешто трпеле. Мислам дека што побрзо треба, двајцата лидери
Одамна помина 24 декември а ние не напреднавме воопшто ништо. Одговорноста си е одговорност, никогаш нема да ја утврдат до крај, ниту кај тие што нешто правеле, ниту кај тие што нешто трпеле. Мислам дека што побрзо треба, двајцата лидери особено, да се надминат себеси и да продолжат кон европските интеграции.
Никола Дујоски, универзитетски професор .
особено, да се надминат себеси и да продолжат кон европските интеграции.“

Дваесет и четврти декември е црна точка на македонската демократија, вели Дујоски и тоа така и ќе остане, бидејќи власта сакала да демонстрира сила а тоа го го задржува како манир. Имаше многу начини додава Демири да се надмине состојбата во парламентот но власта го одбра токму тој и одговорноста е јасна. Но треба да се запрашаме дали Собранието ќе стане вистински нејзин контролор доколку се остане на сегашните позиции околу разрешувањето на настаните кои се случија во декември во парламентот.

Најголемата опозициска партија има многу начини да ги промовира своите интереси и политики доколку сака, додава Дујоски па затоа стоењето во место нема да и помогне на државата туку ослободување на енергијата за поголемите проекти и пред се евроинтеграциите за кои во моментов очигледно не се размислува како за клучен приоритет.
XS
SM
MD
LG