Достапни линкови

Пакистан ја обвини Индија за инцидент во Кашмир


Подржувачи на илегална пакистанска партија палат индиски знамиња по обвинувањата од Индија до Пакистан за убиство на цивил во Кашмир

Подржувачи на илегална пакистанска партија палат индиски знамиња по обвинувањата од Индија до Пакистан за убиство на цивил во Кашмир

Пакистанската војска ја обвинува Индија за нападот во кој загина едно лице а еден војник беше повреден во оспорениот регион Кашмир. Во соопштението на пакистанската војска се наведува дека еден капетан загинал во непровоциран ракетен напад кој бил извршен вчеравечер во северозападниот сектор Шакма, во близина на контролната линија. Станува збор за де-факто границата кој го дели хималајскиот регион во предели под контрола на Индија и Пакистан. За сега нема реакција од индиска страна. Во изминативе неколку недели се интензивираат немирите меѓу двете земји околу Кашмир.
XS
SM
MD
LG