Достапни линкови

Давитковски: Се уште сум оптимист дека ќе се постигне решение


Се уште сум оптимист и мислам дека сме многу близу да најдеме заедничко решение и евентуално во петок сите заеднички да го потпишеме извештајот, изјави претседателот во оставка на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември Борче Давитковски по денешните одвоени средби со членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој рече дека утре продолжува работата на Комисијата во целосен состав, на која ќе бидат изнесени размислувања и од денешната средба и ако се усогласат, како што рече, работата ќе биде завршена со цел до петок да се дојде до решение. Најавено е утре средбата да почне во 10 или во 10 часот и 30 минути.
XS
SM
MD
LG